а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одврати

одвратат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи вратка, возврати на ист, соодветен начин на нешто направено од некого.
Англиски: respond Албански: përgjigje
Примери:
Ако ме удриш, ќе ти одвратам.
На насмевката му одврати со насмевка.
2. Врати со одговор, одговори на нешто кажано од некого.
Англиски: answer Албански: përgjigje
Примери:
Јас го поздравив, а тој ми одврати со пцости.
Старецот одврати со спокоен глас.
Вистина е – одврати девојката.
3. Оттргне од некаква намера, работа, наговори некого да не прави нешто што навикнал или намислил да го прави.
Англиски: dissuade Албански: zhbind
Примери:
Таа ме одврати од намерата да заминам.
Одвај го одвративме синот од женидба.
4. Одвои, оддалечи од некого или од нешто.
Англиски: distract Албански: largoj
Примери:
Тој ме одврати од децата.
Таа го одврати од другарите.
Сакаше да го одврати од лошите мисли.
5. Заврти, сврти настрана од определениот правец, насочи кон нешто друго.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Го одврати лицето настрана, да не гледа во болниот.
Го одврати погледот од прозорецот и се замисли.
Ми го одврати вниманието од работата.
6. За вода - одбие, сврти, промени тек.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Воденичарот ја одврати водата од воденицата за да го поправи мелничкото тркало.
Селаните ја одвратија реката за да не им ги поплави насадите.
7. Добие влага.
Англиски: moisten Албански: njomet
Примери:
Таа го чувала брашното во пластични кеси и тоа одврати.
8. (се одврати) Се оттргне, се откаже од нешто.
Англиски: give up Албански: dorëzoj
Примери:
Тој се одврати од пијанството.
Децата се одвратија од играта.
9. (се одврати) Ми (ти, му...) се згади, почувствува одвратност.
Англиски: disgust Албански: neveri
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се одврати од мирисот што доаѓаше од кујната.
Изведенки
1. одвратува несв.
(се) одвратуваат
2. одвратување ср.
глаг. им.
3. одвраќа несв.
(се) одвраќаат
4. одвраќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи