а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвои

одвојат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Оддели, раздели од некого, од некоја целина, заедница.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Тој не можеше да го одвои детето од неговата мајка.
Таа одвај ги одвои раскараните деца.
Тие ги одвоија младите во посебно домаќинство.
2. Оддели, раздели нешто што е споено, цело.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Го одвои месото од коските.
Одвои парче од тестото.
3. Издели, издвои според нешто од некоја група, целина.
Англиски: separate Албански: ndaj, veçoj
Примери:
Тренерот ги одвои двајцата најдобри играчи.
Комисијата ги одвои најдобрите работници од колективот и ги награди.
4. Остави настрана, заштеди.
Англиски: save Албански: ndaj, kursej
Примери:
Факултетот одвои стипендии за школување во странство.
Тој одвои дел од платата и си купи нов компјутер.
5. Оддели едно нешто од друго.
Англиски: disentangle Албански: ndaj, veçoj
Примери:
При ткаењето и се замрсија конците и не можеше да ги одвои.
6. Сортира, групира нешто измешано.
Англиски: sort Албански: veçoj, klasifikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги одвои полупразните шишиња со масло.
Таа го одвои каколот од пченицата.
7. За очи, поглед, мисла - оддели, оттргне, одврати од некого или од нешто.
Албански: ndaj, largoj
Примери:
Не можеше да ги одвои очите од него.
Одвај го одвои погледот од девојката.
Библијата му ги отвори очите и го одвои од алчноста.
8. (се одвои) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина, остави, напушти.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Јас се одвоив од него и тргнав назад кон колибата.
Неколку партизани се одвоија од бригадата.
Тие се одвоија од групата и залутаа низ шумата.
9. (се одвои) Се оддели од нешто, остави нешто.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Не сакаше да се одвои од книгата.
10. (се одвои) Се оддалечи од нешто.
Англиски: distance Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој се одвои од прозорецот и седна на креветот.
Изведенки
1. одвојува несв.
(се) одвојуваат
2. одвојување ср.
мн. одвојувања
глаг. им.
Пример: Сè почестите одвојувања сè потешко ѝ паѓаа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи