а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвитка

одвиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Одмота, одвие, отвори нешто завиено, развитка.
Англиски: unwrap Албански: zgidhë
Примери:
Го одвитка врзопот и од него извади парче леб и сирење.
Тој го одвитка од вратот волненото шалче.
2. одвие
Англиски: unwrap Албански: zgidh
Примери:
Мајката го одвитка бебето и го остави да помрда со нозете.
Таа му ја одвитка раната и му стави нов завој.
3. Исправи нешто свиткано, искривено.
Англиски: unbend Албански: drejtoj
Примери:
Тој ја одвитка ортомата.
Го одвитка весникот и почна да го чита.
Одвај ја одвитка жицата.
4. (се одвитка) Се одмота, се одвие од нешто.
Англиски: unwind Албански: zgidhë
Примери:
Му стана жешко и се одвитка од ќебето.
Завојот ми се одвитка од раката.
Подарокот не беше убаво залепен и се одвитка.
5. (се одвитка) се одвие
Англиски: unwrap Албански: zgjidh
Примери:
Бебето се одвитка, не било добро повиено.
Изведенки
1. одвиткува несв.
(се) одвиткуваат
2. одвиткување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи