а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвие

одвијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Одвитка, развитка, отвори нешто завиено вадејќи му ја обвивката.
Англиски: unwrap Албански: zgidhë
Примери:
Детето го одви подарокот.
Тие го одвија пакетот уште на пошта.
2. Извади, одмота нешто претходно завиено (пелени, завој).
Англиски: unwrap Албански: nxjerr
Примери:
Таа го одви детето и му стави нови пелени.
Сестрата му ја одви раната на војникот и му ја премачка со маст.
3. Одвитка, отплетка нешто навиткано, завиткано.
Англиски: unwind Албански: zgidhë
Примери:
Мајсторот го одви кабелот од плочата.
Не можеше да ја одвие завитканата жица.
4. (се одвие) Се одвитка, се одмота нешто завиено.
Англиски: unwind Албански: zgidhë
Примери:
Ако не го закачиш филмот со спојка, тој ќе се одвие.
Челичната жица сама се одви од макарата.
Завојот се одви зашто преврската беше лошо направена.
5. (се одвие) Се ослободи, отфрли нешто со што е завиен.
Англиски: unwrap Албански: liroj
Примери:
Мрдајќи со нозете, бебето се одви од повојот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи