а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвезе

одвезат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пренесе, однесе некого или нешто со возење.
Англиски: drive Албански: transportoj
Примери:
Тој ги одвезе децата на село со својот автомобил.
Селаните го одвезоа добитокот со камиони на пазар во градот.
Сеното го качија на приколката и го одвезоа до колибата.
2. (се одвезе) Замине, отпатува со возило.
Англиски: drive Албански: çoj, dërgoj
Примери:
Седнаа во колата и се одвезоа до соседниот град.
Со чамецот се одвезе до другиот крај на езерото.
3. Отпара нешто навезено, развезе.
Албански: shqep
Примери:
Таа ја одвезе шарата од едната страна на чаршафот.
Изведенки
1. одвезува несв.
(се) одвезуваат
2. одвезување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи