а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвее

одвеат; одвеј, одвејте; одвеав, одвеаја; одвеал; одвеан; (ќе) одвеев, (ќе) одвееја; (ќе) одвеел; одвеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10842
1. За ветар - дувне, однесе, разнесе нешто.
Англиски: blow away Албански: e merr era
Примери:
Ветрот ги одвеа пожолтените лисја.
Силниот ветар ми ја одвеа шапката.
Бурата го одвеа малото кајче.
2. За жито - исчисти од плева со веење.
Албански: gruhat
Употреба: Земјоделство
Примери:
Селаните навреме го одвеаја житото и го собраа во вреќи.
Изведенки
1. одвева несв.
одвеваат
2. одвевање ср.
глаг. им.
3. одвејува несв.
одвејуваат
4. одвејување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК