а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одвее

одвеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За ветар - дувне, однесе, разнесе нешто.
Англиски: blow away Албански: e merr era
Примери:
Ветрот ги одвеа пожолтените лисја.
Силниот ветар ми ја одвеа шапката.
Бурата го одвеа малото кајче.
2. За жито - исчисти од плева со веење.
Албански: gruhat
Употреба: Земјоделство
Примери:
Селаните навреме го одвеаја житото и го собраа во вреќи.
Изведенки
1. одвева несв.
одвеваат
2. одвевање ср.
глаг. им.
3. одвејува несв.
одвејуваат
4. одвејување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи