а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбие

одбијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се спротивстави, со спротивно дејство одврати нешто од себе.
Англиски: repulse Албански: mohoj, refuzoj
Примери:
Четата го одби нападот на непријателот.
Тој го одби силниот удар.
Детето ја одби топката.
2. Промени насока на движење.
Англиски: deflect Албански: refuzoj
Примери:
Топката ја одби со глава.
Стаклото ги одби сончевите зраци.
3. Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои.
Англиски: reject Албански: refuzoj
Примери:
Работниците одбија да работат.
Тој одби да разговара со нас.
Таа го одби стројникот.
Тој ја одби понудената работа.
Судијата ја одби жалбата.
4. Одврати од цицање.
Албански: largoj
Употреба: Медицина
Примери:
Мајката го одби детето на десет месеци.
5. Предизвика негативен одноc кај некого со нешто.
Англиски: repel Албански: zmbraps
Примери:
Со своето дрско однесување, тој ги одби луѓето од себе.
6. За пари - скуси.
Англиски: deduct Албански: ndaloj, heq
Примери:
Овој месец ни одбија од платата пет проценти.
Тој ги одби патните трошоци од вкупната сума.
7. Скршне од патот, промени правец на движење.
Англиски: divert Албански: devijoj
Примери:
Тие одбија од патот и навлегоа во шумата.
8. За вода - одврати, промени тек.
Англиски: divert Албански: ndërroj drejtimin
Примери:
Тој ја одби водата од јазот.
9. Се истави, се потргне, се тргне настрана.
Англиски: depart Албански: largohem
Примери:
Одбиј од мене!
Одбиј од патот!
Одбиј назад!
10. (се одбие) Се одврати, се врати назад.
Англиски: deflect Албански: shmang
Примери:
Топката се одби од ѕидот.
Светлината се одби од огледалото.
11. (се одбие) Престане да цица.
Албански: largoj, ndaj
Употреба: Медицина
Примери:
Детето се одби на пет месеци.
12. (се одбие) наврати, намине
Англиски: deviate Албански: hidhem, shmangem
Примери:
Дошле до една раскрсница и старецот се одбил од патот.
13. (се одбие) Намине, наврати некаде.
Англиски: drop by Албански: hidhem
Примери:
Се одбивме до старите.
На враќање од работа, се одбил во првата кафеана.
Изрази
Одбие некому на младост (на глупост, незнаење, збунетост итн.) - поради тоа, не биди многу строг, не суди (му) строго.
Вие одбијте му на младоста и сè ќе биде в ред.
Му одбија на глупоста, како ништо да не било.
Изведенки
1. одбива несв.
(се) одбиваат
2. одбивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи