а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбележи

одбележат; одбележи, одбележете; одбележив, одбележија и одбележав, одбележа, одбележаа; одбележил, одбележал; одбележен, одбележан; (ќе) одбележев, ( ... + повеќе
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9271
1. Обележи, означи нешто.
Англиски: mark Албански: shënoj
Примери:
Одбележете ги именките во текстот.
Тој ја одбележал нивата со камења.
2. Проcлави некаква годишнина, датум, манифестација и сл.
Англиски: mark Албански: shënoj
Примери:
Синовите му ја одбележаа седумдесетгодишнината на својот татко.
Ние го одбележавме јубилејот на Институтот минатата година.
3. Истакне, нагласи нешто.
Англиски: emphasize Албански: theksoj, nënvizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние веќе одбележивме што значи појавата на оваа книга за нашиот јазик.
Овде ќе одбележам уште еден факт.
Овој човек ја одбележа оваа деценија на големиот прогрес на земјата.
Изведенки
1. одбележува несв.
одбележуваат
2. одбележување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК