а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбележи

одбележат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обележи, означи нешто.
Англиски: mark Албански: shënoj
Примери:
Одбележете ги именките во текстот.
Тој ја одбележал нивата со камења.
2. Проcлави некаква годишнина, датум, манифестација и сл.
Англиски: mark Албански: shënoj
Примери:
Синовите му ја одбележаа седумдесетгодишнината на својот татко.
Ние го одбележавме јубилејот на Институтот минатата година.
3. Истакне, нагласи нешто.
Англиски: emphasize Албански: theksoj, nënvizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ние веќе одбележивме што значи појавата на оваа книга за нашиот јазик.
Овде ќе одбележам уште еден факт.
Овој човек ја одбележа оваа деценија на големиот прогрес на земјата.
Изведенки
1. одбележува несв.
одбележуваат
2. одбележување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи