а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огрее

огреат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За сонце, месечина - изгрее, се појави.
Англиски: shine Албански: shndrit
Примери:
Сонцето огреа, ајде станувај!
Пред да огрее сонцето, тие го напуштија градот.
Месечината огреа и ја осветли шумата.
2. За сонце, месечина - осветли некого или нешто.
Англиски: shine Албански: shndrit
Примери:
Сонцето ги огреа на половина пат до селото.
Сончевите зраци го огреаја лицето на детето во креветчето.
Месечината го огреа чардакот на куќата.
3. Загрее, стопли некого или нешто.
Англиски: warm Албански: ngroh
Примери:
Таа го зеде детето и го огреа крај огнот.
Бабата му ги огреа рацете на детето со триење.
Старецот си ги огреа смрзнатите нозе на огнот.
4. Обземе чувство на милост, убавина, задоволство.
Англиски: shine Албански: shndrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
На лицето му огреа насмевка.
Очите му огреаја со радосен сјај.
Ме огреа нејзината убавина.
5. (се огрее) се згрее, се стопли
Англиски: warm Албански: ngroh
Примери:
Децата се огреаја на огнот во колибата.
Изрази
Ме (те, го...) огреа среќа / сонце - постигне успех, успее во нешто.
Изведенки
1. огрева несв.
(се) огреваат
2. огревање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи