а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ограничен

ограничени
Вид збор: Придавка
1. Што има, на кој му се поставени определени граници.
Англиски: limited
Примери:
ограничен простор
ограничена територија
2. Што е мал, недоволен, незначителен.
Англиски: limited
Употреба: Преносно значење
Примери:
ограничена слобода
ограничено време
ограничени средства
3. За човек – што е умствено послабо развиен, чијшто начин на мислење има тесни граници.
Англиски: limited
Примери:
ограничен човек
Изведенки
ограничено прил.
До определена граница, нецелосно.
Пример: Ограничено cпособен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи