а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ограда

мн. огради
Вид збор: Именка, женски род
1. Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа) оградено, одвоено од нешто друго во просторот.
Англиски: fence Албански: gardh
Примери:
дрвена ограда
железна ограда
камена ограда
Оградата на бавчата се срушила.
2. Заштита што се наоѓа на работ од скали, балкон, мост и служи како заштита.
Англиски: railing Албански: kangjella
Примери:
Покрај оградата на скалите нареди цвеќиња.
Се потпре на оградата од балконот.
Седна покрај оградата на мостот.
3. (обично во мн. - ограѓе) Ограден простор (нива, бавча, земја) што се наоѓа на периферијата на село или град.
Албански: gardh
Примери:
Во летните ноќи крадевме плодови по оградите.
Ги пушти овците по ограѓето.
4. ограничување, сомневање, резерва
Англиски: reservation Албански: rezervim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Веќе ја немаше тајната ограда меѓу нас.
Неговата искреност ги предизвика да ја тргнат оградата што ги делеше.
Го прифати нашиот услов со извесна ограда.
5. Круг околу месечината.
Албански: reth
Употреба: Разговорно
Примери:
Кога има ограда околу месечината, ќе се мени времето.
Изрази
Жива ограда - ограда од густо насадени грмушки.
Изведенки
огратче ср.
мн. огратчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи