а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

огласи

огласат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6659
1. Даде оглас во весник или на друг начин преку оглас објави нешто.
Англиски: advertise Албански: reklamoj
Примери:
Тој го огласи станот за продавање во весник.
Не успеа да го продаде автомобилот иако го огласи неколку пати.
2. За глас, звук - исполни определен простор, одекне.
Англиски: sound Албански: tingëllon
Примери:
Борбени песни го огласија селото.
Силен аплауз ја огласи салата.
3. Објави, соопшти, разгласи нешто.
Англиски: announce Албански: shpall
Примери:
Тој испука неколку истрели и така ја огласи смртта на татка си.
Посака да викне и да го огласи своето доаѓање.
Ѕвончето го огласи крајот на часот.
4. (се огласи) Одговори, одврати некому со збор или со глас.
Англиски: answer Албански: përgjigjet
Примери:
Слугинката се огласи, излегувајќи од кујната.
Неколку кучиња се огласија со лаеж.
Од некој двор се огласи магаре.
5. (се огласи) Се одекна глас или звук.
Англиски: resound Албански: oshëtin
Примери:
Се огласи пукот од сите страни.
Звукот на камбаната се огласи во селото.
Чекорите на војниците се огласија во ноќта.
6. (се огласи) Се јави, се појави објавувајќи нешто.
Англиски: respond Албански: reagoj
Примери:
По долгите напади, тој реши да се огласи во рубриката „Писма“ во весникот.
Изведенки
1. огласува несв.
(се) огласуваат
2. огласување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК