а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

овенча

овенчаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Накити со венец, стави венец некому.
Англиски: engarland Албански: kunorëzoj
Примери:
Победникот го овенчаа со лаворов венец.
2. Прослави некого.
Англиски: celebrate Албански: festoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Филмот ја овенча со слава.
3. круниса
Англиски: crown Албански: kurorë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Најстариот син го овенчаа на престолот.
4. (се овенча) Се накити со венец, си стави венец.
Англиски: engarland Албански: kunorëzoj
Примери:
Девојчето се овенча со венец од цвеќиња.
5. (се овенча) Се прослави.
Англиски: celebrate Албански: festoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се овенча со слава на стари години.
6. (се овенча) Се доведе до крај, успешно заврши нешто.
Англиски: crown Албански: kurorë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашите напори се овенчаа со успех.
Изведенки
1. овенчува несв.
(се) овенчуваат
2. овенчување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи