а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

објаснение

мн. објасненија
Вид збор: Именка, среден род
1. Разјаснување, толкување на нешто за да стане појасно.
Англиски: explanation Албански: sqarim, shpjegim
Примери:
Секој збор е проследен со кратко објаснение.
Тој не ги прифати нивните објасненија.
2. Писмено или усно образложение на некаков став, постапка, решение и сл.
Англиски: explanation Албански: sqarim, shpjegim
Примери:
Правно објаснение.
Требаше да даде објаснение за својата постапка.
3. Изјаснување за нешто низ разговор.
Англиски: dispute Албански: kundërshtim, debat
Примери:
Објасненијата меѓу таткото и синот траеја до доцна во ноќта.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи