а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обучи

обучат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пренесе некому знаење и искуство преку обука.
Англиски: train Албански: trajnoj
Примери:
Тренерот ги обучи играчите да играат добро.
Водникот брзо и вешто ги обучи новите војници.
2. (се обучи) Се стекне со определено знаење, се научи, се извежба за определена работа.
Англиски: train Албански: trajnohem
Примери:
Таа брзо се обучи да работи на компјутер.
По еден месец, се обучија да работат на кран.
Изведенки
1. обучува несв.
(се) обучуваат
2. обучување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи