а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обружа

обружаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Дотера, накити некого или нешто.
Англиски: decorate Албански: dekoroj, stolis
Употреба: Архаизам
Примери:
Девојките го обружаа коњот на младоженецот.
2. Опреми со оружје, вооружи некого.
Англиски: arm Албански: armatos
Употреба: Архаизам
Примери:
Новодојдените во четата ги обружаа со пушки берданки.
3. (се обружа) Се дотера, се накити.
Англиски: adorn Албански: stolisem, dekorohem
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа се обружа и отиде да наполни вода.
4. (се обружа) Се опреми со оружје, се вооружи.
Англиски: arm Албански: armatosem
Употреба: Архаизам
Примери:
Селаните се обружаа со пиштоли.
Изведенки
1. обружува несв.
(се) обружуваат
2. обружување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи