а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оброни

обронат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто со ронење, со распаѓање да се урне, да се разруши.
Англиски: disintegrate Албански: kokërroj, copëtoj
Примери:
Силниот дожд го оброни песочниот насип.
2. За солзи - пролее, пророни.
Англиски: burst Албански: derdh, shpërthej
Употреба: Народна поезија
Примери:
Оброни солзи радосници.
3. (се оброни) Се распадне, се сруши нешто.
Англиски: disintegrate Албански: copëtoj, shpërbëj
Примери:
Од силниот удар се оброни малтерот на ѕидот.
4. (се оброни) Пророни солзи.
Англиски: burst Албански: derdh lot
Изведенки
1. обронува несв.
(се) обронуваат
2. обронување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи