а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обрати

обратат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обрне, посвети внимание некому или на нешто.
Англиски: turn Албански: kushtoj
Примери:
Тој го обрати сето внимание на ученикот.
Не обрати внимание на неговите зборови.
2. Преобрати, промени вера некому.
Англиски: change Албански: ndërroj, kthej
Примери:
Грабнатата девојка ја обрати во нова вера.
3. (се обрати) Се обрне кон некого со молба, со барање; каже, соопшти нешто некому.
Англиски: turn Албански: drejtoj
Примери:
Му се обрати на момчето со висок тон.
Тие се обратија на повеќе места за парична помош.
За помош обратете се на Министерството за здравство.
4. Ослови некого при поставување контакт, при разговор.
Англиски: address Албански: drejtoj, adresoj
5. (се обрати) Се преобрати, промени вера.
Англиски: change Албански: ndërroj, kthej
Примери:
Се обрати во друга вера и замина од градот.
Изведенки
обраќа несв.
(се) обраќаат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи