а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

образува

образуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Создаде, создава, организира, формира група, здружение и сл.
Англиски: establish Албански: formoj, themeloj
Примери:
Образувавме здружение од хуманитарен карактер.
Тројцата млади луѓе образуваа нова музичка група.
2. Составува, сочинува некаква целина, влегува во составот на нешто.
Англиски: form Албански: formuloj
Примери:
Сите тие делови образуваат една целина.
3. образова
Англиски: educate Албански: edukoj, mësoj
Употреба: Образование
4. (се образува, само 3. л.) Се создаде, се создава, се формира нешто.
Англиски: form Албански: formohet, themelohet
Примери:
Согласни групи се образуваат во почетокот, во средината или на крајот на зборот.
Изведенки
образување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи