а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обработи

обработат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изврши потребни работи врз нешто (земјиште, суровина) за да служи на неговата намена.
Англиски: work Албански: punoj
Примери:
Тој сам ја обработи нивата.
Земјоделците навреме ги обработија сите засадени површини.
Тој го обработи каменот со длето.
Асирските племиња први го обработиле железото и направиле железно оружје.
2. Доведе во некаков облик, среди во писмена форма определен проблем, материјал и сл.
Англиски: process Албански: procesuoj
Примери:
Сметководителот навреме ја обработи годишната пресметка.
3. Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него.
Англиски: influence Албански: ndikoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Го обработија сведокот за да ја скријат вистината.
Изведенки
1. обработува несв.
обработуваат
2. обработување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи