а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обори

оборат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Надвие некого во борење.
Англиски: bring down Албански: mundë, rrëzoj
Примери:
Нашиот борач брзо го обори противникот.
Децата ме оборија на земја.
2. Надмине досегашен резултат, рекорд.
Англиски: bring down Албански: rrëzoj
Употреба: Спорт
Примери:
Пливачите оборија неколку државни рекорди.
3. Побие нечие тврдење, аргументи, се спротивстави на нешто.
Англиски: refute Албански: hedh poshtë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Адвокатот го обори обвинението поради непостоење на доволно докази.
Изведенки
1. оборува несв.
оборуваат
2. оборување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи