а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оближе

оближат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Излиже, изеде нешто со лижење.
Англиски: lick Албански: lëpij
Примери:
Детето ја оближа лажицата со мед.
Мачката го оближа млекото од чинијата.
2. Допре нешто со лижење.
Англиски: lick Албански: lëpij
Примери:
Тој ги оближа усните испукани од студот.
Кравата го оближа телето.
3. За пламен, чад - допре, опфати нешто.
Англиски: lick Албански: përfshij, kaploj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пламенот ја оближа сета колиба.
4. (се оближе) Помине со јазикот по некој дел од телото.
Англиски: lick Албански: lëpij
Примери:
Се оближа по испуканите усни.
Тој погледна во јадењето и се оближа.
Изведенки
1. оближува несв.
(се) оближуваат
2. оближување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи