а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

облегне

облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, постави нешто така што да добие стабилност, сигурност; навали нешто на друго нешто.
Англиски: support Албански: shtrij, mbështes
Примери:
Го облегна грбот на дрвото.
2. (се облегне) Се опре, се навали на нешто.
Англиски: lie Албански: shtrihem
Примери:
Се облегна на перницата.
3. (се облегне) Се испружи, легне на нешто.
Англиски: spread Албански: shtrihem, bie
Примери:
Децата се облегнаа на снегот.
4. (се облегне) Најде, стекне поддршка, верба, надеж во некого.
Англиски: rely Албански: mbështetem, besoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се облегна на мене и остави јас да ја завршам сета работа.
Изведенки
1. облега несв.
(се) облегаат
2. облегање ср.
глаг. им.
3. облегнува несв.
(се) облегнуваат
4. облегнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи