а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

област

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
1. Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл.
Англиски: region Албански: region
Употреба: Географија
Примери:
поларна област
тропски области
2. Поголема административно-територијална и управна единица.
Англиски: district Албански: qark
Употреба: Административен термин
Примери:
Оваа покраина има статус на автономна област.
3. Зона, појас, реон во кој е распространето нешто или се одликува со нешто општо, заедничко.
Англиски: area Албански: hapësirë
Примери:
Ова растение вирее само во областа на Средоземното Море.
Западномакедонска говорна област.
4. Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи.
Англиски: part Албански: pjesë
Употреба: Анатомија
Примери:
Тој чувствува болки во областа на градниот кош.
5. Подрачје, домен, сфера на некоја дејност, наука, работа и сл.
Англиски: area Албански: hapësirë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овој магистерски труд е од областа на семантиката.
Освои многу награди во областа на литературата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи