а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

облак

мн. облаци
Вид збор: Именка, машки род
1. Згустена водна пареа во атмосферата што предизвикува врнежи.
Англиски: cloud Албански: re
Примери:
Сонцето се скри зад облаците.
градоносен облак, темни облаци
2. Густа маса од ситни честички (прав, чад) што се движи низ воздухот.
Англиски: dust Албански: pluhur
Примери:
Облак од прав.
Облак од чад.
3. Нешто што го има во голем број, маса, мноштво.
Англиски: crowd Албански: grummbull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Облак од глуварчиња.
4. Штица што се наоѓа на предниот дел од самарот.
Албански: bri
Примери:
Ортомата ја заврза за облакот од самарот.
Изрази
Живее в облаци. Со мислите е в облаци - оддалечен е од реалноста, се занесува, фантазира.
Изведенки
1. облаче ср.
мн. облачиња
дем.
2. облачинка ж.
мн. облачинки
дем.
3. облачиште ср.
мн. облачишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи