а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обиде

обидат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За јадење или за пијалак - вкуси, проба.
Англиски: taste Албански: shijoj
Примери:
Зедов да ја обидам ракијата.
Тој обиде од мезето.
2. Стави на проба некого или нешто, испита, провери.
Англиски: try Албански: provoj
Примери:
Обиди го одоколу, сигурно ќе каже нешто.
3. (се обиде) Направи обид, проба, изврши подготовки за нешто.
Англиски: try Албански: provoj
Примери:
Ако успеале соседите, зошто и ние да не се обидеме?
Се обидов да не мислам на тоа.
Обиди се да заспиеш.
Некој се обиде да ја отвори вратата.
4. (се обиде) Се провери, се испроба во нешто.
Англиски: test Албански: provoj
Примери:
Ајде, дојди да се обидеме, да видиме кој е посилен.
Изведенки
1. обидува несв.
(се) обидуваат
2. обидување ср.
мн. обидувања
глаг. им.
Пример: По неколку обидувања, се откажа од трката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи