а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обеси

обесат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Закачи, намести нешто да виси.
Англиски: hang up Албански: varret
Примери:
Тој ја обеси низата пиперки на ѕидот од балконот.
Таа ги обеси мокрите алишта на едно јаже во дворот.
2. Лиши некого од живот со бесење, изврши смртна казна бесење.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Некаде околу полноќ ги обесија двајцата партизани.
3. Спушти, наведне (глава).
Англиски: hang Албански: var
Употреба: Преносно значење
Примери:
Момчето ја обеси главата нажалено.
4. (се обеси) Си го одзеде животот со бесење.
Англиски: hang Албански: varret
Примери:
Тој се обесил на дабот зад куќата.
5. (се обеси) Се провисне на некого или на нешто.
Англиски: hang Албански: var
Примери:
Таа ми се обеси на вратот.
Мајмунот се обеси на една гранка од дрвото.
Изрази
Го обеси носот - се налути.
Изведенки
1. обесува несв.
(се) обесуваат
2. обесување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи