а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обезуми

обезумат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Одземе некому способност за расудување; збудали некого.
Англиски: bewilder Албански: trullos, hutoj, humb mend
Примери:
Сакаше да го обезуми старецот и да му ги украде парите.
2. Збрка, избезуми, споулави некого.
Англиски: drive crazy Албански: hutoj, konfuz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја обезуми мајка си со своето однесување.
3. (се обезуми) Изгуби памет, се збудали.
Англиски: become crazy Албански: humb mend, zbudallis
Примери:
Таа се обезуми од ужасот што го преживеа.
4. (се обезуми) се збрка, се избезуми
Албански: hutohem, bëhem konfuz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се обезуми од отпорот што го даваше заробеникот.
Изведенки
1. обезумува несв.
(се) обезумуваат
2. обезумување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи