а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обезбеди

обезбедат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба, заштити од опасност.
Англиски: protect Албански: mbroj
Примери:
Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади.
Војниците добија задача да го обезбедат рудникот.
2. Добие, заслужи нешто, овозможи нешто некому.
Англиски: secure Албански: siguroj
Примери:
Со својата пожртвувана работа, тој ја обезбеди довербата на колективот.
Неговото покровителство му обезбеди брзо напредување во кариерата.
3. Задоволи нечии потреби, снабди некого со нешто.
Англиски: secure Албански: siguroj
Примери:
Тој им обезбеди храна на животните.
Обезбедив пари за престој во странство.
4. (се обезбеди) Се задоволи, се снабди со нешто.
Англиски: secure Албански: siguroj
Примери:
Навреме се обезбедивме со огрев за зимава.
Изведенки
обезбедува несв.
(се) обезбедуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи