а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обвини

обвинат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Припише, фрла вина на некого за нешто.
Англиски: blame Албански: akuzoj, fajësoj
Примери:
Тој ги обвини другарите за неискреност.
Таа го обвини дека и го урива авторитетот пред децата.
2. Подигне обвинение, тужба против некого пред судски орган.
Англиски: indict Албански: akuzoj, padit
Употреба: Правда
Примери:
Тој беше обвинет за проневера на пари.
Нив ги обвинија за дезертерство.
3. (се обвини) Се окриви себеси или еден со друг.
Англиски: accuse Албански: akuzoj
Примери:
Се обвинив себеси за направената грешка.
Децата се обвинуваа меѓусебно за скршениот прозорец.
Изведенки
обвинува несв.
(се) обвинуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи