а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обвие

обвијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Завие, замота со нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Таа ми ја обви половината со волнен појас.
Раната му ја обвија со тенко платно.
Раната му ја обвија со тенко платно.
Калемот го обвил со восок.
2. Гушне, опфати со раце некого или нешто.
Англиски: embrace Албански: përqafojë
Примери:
Детето ги обви рацете околу вратот на мајка си.
Таа ги обви рацете околу стеблото на дрвото не дозволувајќи да ја одвлечат.
3. Навие, намота околу нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Таа си ја обви плетенката околу главата.
Тој го обви ќебето околу нозете.
Бршленот ја обвил оградата на куќата.
4. Покрие, опфати, окружи нешто од сите страни.
Англиски: enclose Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Густата магла го обви градот.
Пламените јазици ја обвија куќата.
5. (се обвие) Се завие, се замота со нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Старецот неколку пати се обви со појасот.
Таа се обви со свилениот шал.
6. (се обвие) Се навие, се намота околу нешто.
Англиски: wrap Албански: mbështjell
Примери:
Смокот се беше обвил околу една гранка.
Високата трева се обви околу тркалата на колата.
Изведенки
1. обвива несв.
(се) обвиваат
2. обвивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи