а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нужда

мн. нужди
Вид збор: Именка, женски род
1. Потреба од нешто.
Англиски: need Албански: nevojë
Примери:
Имам нужда од кола.
Немал нужда од помош.
Во крајна нужда ќе земам кредит.
2. беда, немаштија
Англиски: misery Албански: varfëri, mjerim
Примери:
Тие растеа во мака и нужда.
Нуждата го натерала да проси.
3. Физиолошка потреба, исфрлање непотребни материи од организмот.
Англиски: go to toilet Албански: nevojë, shkon në tualet
Примери:
Оди по нужда.
Изрази
Голема нужда - празнење на цревата.
Мала нужда - исфрлање на урината.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи