а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

но

Вид збор: Сврзник
1. (најизразит спротивен сврзник) За поврзување зборови и зборовни состави спротивно поставени.
Англиски: but
Примери:
Полека, но сигурно.
Решително, но тивко.
Нежна, но здрава.
Блед, но прекрасен.
Богат, но несреќен.
2. За поврзување реченици што се нагласено содржински спротивставени, за развивање на содржинска спротивност.
Англиски: but
Примери:
Лицата им беа како осланети, но во очите носеа блесок.
Јас ти го понудив мојот дом, но ти ме одби.
Времињата се сменија, но спомените останаа.
3. Засилено противставување со појава на негација во некоја од речениците што се поврзани.
Примери:
Тој не ги знае нив, но знае дека се добри луѓе.
Таа нема пари, но има широка душа.
Мислам, но не смислувам.
Ги познавам сите, но неа не ја помнам.
4. (но сепак) За изразување на спротивно од очекуваното, со лексички конкретизатори.
Примери:
Тој сакаше да замине, но сепак остана дома.
Се плашеше, но сепак мораше да оди.
Тој лесно заспиваше, но сепак се будеше.
5. На почеток на реченица или на почеток на нов пасус во функција на спротивен сврзник со различен степен на изразување спротивност или различност.
Примери:
Но, мислата за грабнатата ќерка го измачуваше.
Но, во сета таа неизвесност и потиснатост, една надежна искра внесуваше светлина.
Но, среќата не го имала на ум и никогаш не го помагала, иако тој работел деноноќно.
Но, еднаш човекот сонувал убав сон и му се сторило дека слуша некаков клас.
6. За поврзување зборовни состави или реченици што се надоврзуваат содржински, за изразување спротивно надоврзување.
Примери:
Таа се смееше, но во тоа имаше некаква иронија.
Тој доби наследство, но сето тоа исчезна многу бргу.
7. Со појава на некој прилог од типот на „најмногу“.
Примери:
Сите страдавме, но најмногу страдаше таа.
Сакаше да пее, но повеќе сакаше да пие.
8. (но и) За врзување заедничка тема.
Примери:
Го побара со поглед, но и него го немаше.
9. (не само... но и) Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација.
Примери:
Тој не само што ја измами но и ја понижи пред нас.
Историјата не само што не задолжува нас но и ни дава полно право.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи