а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нож

мн. ножеви
Вид збор: Именка, машки род
1. Рачно орудие за сечење со сечило и рачка.
Англиски: knife Албански: thikë
Примери:
кујнски нож
месарски нож
калемарски нож
2. Дел од машина кој има сечило и служи за сечење.
Англиски: cutter Албански: thikë, prestar
Употреба: Технологија
Примери:
Нож на машина за косење.
Изрази
Дошол нож до коска - се најде во крајно тешка, безизлезна положба.
Стави нож под грло некому - доведе некого во безизлезна положба.
Се стави (кладе) под нож - со cите расчисти.
Со него (со некого) е на нож - со некого е во многу лоши односи.
Вади нож на мртов Германец - се прави храбар.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи