а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нога

мн. нозе
Вид збор: Именка, женски род
1. Еден од деловите на телото на човекот и на животните со кој се оди.
Англиски: leg Албански: këmbë
Употреба: Анатомија
Примери:
Десна и лева нога.
Предни и задни нозе.
2. Долниот дел од ногата на човекот, од глуждот до прстите.
Англиски: foot
Употреба: Анатомија
Примери:
Големи нозе.
За твоите нозе тешко чевли ќе се најдат.
Мала нога.
3. Како мера за должина, должината на стапалото.
Англиски: foot
4. Дел на кој стои некој предмет.
Англиски: pedestal
Изрази
На нога е - готов е за нешто, за дејствување.
На нога е - не е болен во кревет, не е тешко болен.
Од нога - набрзина, стоејќи.
Во здрава нога трн си става - си создава непотребно непријатности.
Живее на висока нога - живее во раскош, во висок стил.
Му гори под нозете - се наоѓа под голем притисок, пред тежок проблем.
На рамна нога (со некого) - еднаков, рамен на некого.
Ниша нозе - безделничи, не работи ништо.
Нозе искрши - премногу се растрча, се заложи за некого, за нешто.
Нозете му се пресекоа - се исплаши, се стресе.
На стаклени нозе стои (е) - има слаба, нестабилна положба, функција.
Со едната нога е в гроб - се наоѓа пред умирање.
Стане на левата нога - лошо расположен.
Ти фатил камен ногата - принуден си на нешто, нема друг излез од создадената положба.
Вранина нога - вид полско цвеќе.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи