а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ни

Види и: ние (зам.)
Вид збор: Заменка
1. Кратка форма за индиректен предмет од ние; се употребува сама или заедно со долгата форма - нам ни.
Примери:
Многу ретко ни се јавува.
Ни даде пари да купиме.
Нам не ни рече ништо.
Нам ни се роднини.
2. За изразување посвојно значење со именка што означуваат сродство.
Примери:
Ја бранеше честа на сестра ни.
Дедо ни се разболел.
Тетка ни си отишла.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи