а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ниша

нишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна.
Англиски: sway Албански: luhas, tund
Примери:
Ветрот ги ниша гранките.
Слуша и ниша cо глава, потврдува.
2. Движи, рамномерно изместува нешто кое пак се враќа во претходната положба.
Англиски: swing Албански: luhas
Примери:
Мајката го нишаше детето во крошна.
Ги нишаа децата на нишалка и им пееја песни.
3. (се ниша) Се движи наваму-натаму, се мрда, се поместува.
Англиски: move Албански: lëkundet, luhatet
Примери:
Под стреата се нишаа низи суви пиперки.
Кајчињата се нишаа како лушпи од ореви.
Забот му се ниша.
4. (се ниша) Нестабилно оди.
Англиски: stagger Албански: luhatet, ec jostabil
Примери:
Се нишаше при одењето како пијан.
Изрази
Ниша нозе - ништо не работи, безделничи.
Изведенки
нишање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи