а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нишан

мн. нишани
Вид збор: Именка, машки род
1. белег, знак
Англиски: mark Турски: nişan
Примери:
Имаше некаков чуден нишан на раката.
2. Цел, предмет во кој се насочува стрелба.
Англиски: target Албански: nishan
3. Тоа што е предмет на некакво дејствување.
Англиски: goal
Употреба: Преносно значење
Примери:
Hа нишан му е нивниот имот.
4. Дел, направа на пушка за нишанење.
Англиски: aim
Примери:
Го управува погледот преку нишанот во целта.
Изрази
Го зеде на нишан - нанишани.
(прен.) Го зеде на нишан - нападне, покаже непријателство, злоба кон некого.
Изведенки
нишански прид.
нишанскиот
Пример: нишанска направа, нишански инструмент, нишанска точка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи