а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ниеден

ниедна
Вид збор: Придавка
1. Означува отсуство, немање на тоа што го означува именката со која доаѓа или на која се однесува.
Англиски: nobody
Примери:
Ниеден човек не дојде.
Ниеден не се согласи.
Не спомена ниедно име.
Ниедно друго решение не е подобро.
2. Во обрати за изразување презир, навреда, негодување.
Англиски: nobody
Употреба: Груб збор
Примери:
Ти ќе ме учиш, магаре ниедно.
Изрази
Во ниедно време (доба) - се врати, си легна - многу доцна, кога за тоа не е време.
До ниедно време (доба) - седи, работи длабоко во ноќта.
Од ниедно време (доба) - многу рано.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи