а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

не

Вид збор: Честичка
1. За иcкажување одречно значење; самостојно за негативен одговор, за одрекување.
Англиски: no
Примери:
Дали си гладен? - Не.
2. За потсилување на одрекувањето, со појава на двојна негација.
Англиски: no
Примери:
Не, не може тоа така.
Не, нема да дојдеме денес.
3. Во одречни реченици при одрекување и негирање на дејството.
Примери:
Тој не зборува со нас.
Таа не оди на работа веќе со месеци.
Тие не сакаат да помогнат.
4. За искажување наредба.
Примери:
Да не те видам повеќе!
Да не ми влезеш дома!
5. Во прашални реченици.
Примери:
Да не си болен?
Да не си навреден?
6. За изразување чудење и изненаденост.
Примери:
Да не те вознемири мојата победа!?
Таа да не се загрижи за децата!?
7. За изразување сомнеж дека нешто ќе се случи.
Примери:
Пази како одиш да не се лизнеш.
Застани отсрана да не се изгориш.
8. При благослови, желби, клетви и при негодување.
Примери:
Да не даде Господ.
Да не чуе ѓаволот.
Да не станам од место.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи