а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нешто

мн. нешта
Вид збор: Именка, среден род
некаков предмет
Англиски: something Албански: diçë, diçka, send, gjëra
Примери:
Од вагонот и подадоа нешто, таа го прифати и после сфати дека нештото било дете.
Извади нешто од палтото, а кога чкрапна нештото, разбраа дека било револвер.
Човекот е мерило за сите нешта.
Чекаше да замолчат за да им ги соопшти службените нешта.
Продава ситни нешта и од тоа живее.
Изобилството ги обезвреднува нештата дури и кога се убави.
Ги оставаше нештата да се развиваат по својот природен тек.
Се обиде нештата да ги сврти во своја полза.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи