а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

неуморен

неуморни
Вид збор: Придавка
1. Што не знае за умор, што може многу да издржи, да поднесе голем напор.
Англиски: untiring
Примери:
Неуморен работник.
Неуморни градители.
2. Што бара голема упорност, голем напор.
Англиски: indefatigable
Примери:
Неуморна работа.
Неуморно настојување.
Изведенки
1. неуморно прил.
Пример: Неуморно се подготвуваат.
2. неуморност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи