а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нерв

мн. нерви
Вид збор: Именка, машки род
1. Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина.
Англиски: nerve Албански: nerv
Употреба: Анатомија
Примери:
Очен нерв.
2. Целокупниот нервен систем што ги управува и ги координира дејностите на организмот.
Англиски: nerve Албански: nerv
Употреба: Медицина
Примери:
Слаби нерви.
Напнати нерви.
Попуштени нерви.
Нејќе да си ги кине нервите со тебе.
3. Жилички на лист на растение.
Англиски: vein Албански: dell
Употреба: Ботаника
Изрази
Има нерв (за нешто) - има чувство, осет.
Изгуби нерви - силно се изнервира, не може да се совлада.
Има (нема) нерви - има (нема) цврсти нерви, може (не може) да владее со себе, да се контролира.
Кине нерви - прави нешто што предизвикува нервоза.
Оди на нерви - (некому) - нервира, предизвикува нервоза.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи