а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

нека

Вид збор: Честичка
1. За изразување заповед, желба, молба, одобрување и сл.
Англиски: should Албански: do të
Примери:
Нека влезе наредниот!
Нека чукнат тапани, нека се запее, ајде да заиграме.
Ако е така, нека оди во туѓина.
2. За изразување желба, одобрување, согласување.
Албански: do të
Примери:
Нека заврне малку.
Остави го нека работи.
Нека cи стои тука.
Така нека биде.
3. При благослови и во клетви.
Албански: të (bekoftë Zoti)
Примери:
Нека ми прости Господ за зборовиве.
Нека расте родот твој.
Нека им се позлати куќата.
Нека пукнат душманите.
Изрази
Нека го - остави го, добро е, не гибај го, не пречи му.
(разг.) Алал нека ти е! - навистина те бидува, ти си човек на место.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи