а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

некаков

некакви
Вид збор: Заменка
1. (прид. зам.) Неопределено каков.
Англиски: some
Примери:
Некакви луѓе дошле во селото.
Се скарале за некакви пари.
Почувствува некаква возбуда.
Треба да има некакво решение.
Бара да добие некаква работа.
2. Што нема соодветна вредност, што не вреди многу.
Англиски: some
Примери:
Се запознал со некаков писател.
И тоа било некаква плата.
Изрази
Некаков си - потсилена неопределеност или потсилена нијанса на пренебрегнување.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи