а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

неволен

неволниот
Вид збор: Придавка
1. Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата несвесно, ненамерно.
Англиски: unintentional
Примери:
На измаченото лице се покажа неволна насмевка.
Чекореше по патчето обземен од неволни мисли.
2. Несреќен, беден, што е за жалење.
Англиски: poor
Примери:
Им помагаше на болните и неволните.
Изведенки
1. неволно прил.
Пример: Неволно му подаде рака. Очите неволно му се затвораа.
2. неволност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи