невиден
невидениот
Вид збор: Придавка
1.
Што не е виден со друг, што не се видел долго со некого.
Англиски:
unseen
Се испоздравија радосни како пријатели одамна невидени.
2.
Што не е видено, што не се случило, непознат.
Англиски:
unseen
Невиден раскош.
Невидени успеси.
Невидена болест.
Невидена, волшебна убавина.
Изрази
Чудо невидено (разг.) - за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно.
На невидено - за тоа што се пазари, се зема без да се види. *Го купи на невидено. Се договорија на невидено.
Од невидено ненадејно, неочекувано. *Пред мене се најде едно дете од невидено.
Изведенки
невидено прил.