а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

невеста

мн. невести
Вид збор: Именка, женски род
1. Девојка во деновите при стапувањето во брак.
Англиски: bride Албански: nuse
Примери:
Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините.
2. Млада мажена жена, сопруга.
Англиски: bride Албански: nuse
Примери:
Старците поседнале да го гледаат селското оро и да се насладуваат на убавите моми и невести.
3. Снаа во однос на родителите и роднините на сопругот.
Англиски: bride Албански: nuse, re
Примери:
Добра и вредна ни се погоди невестата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи